Поранешната трета тенисерка во светот, а сега 43. на ВТА-листата, Марија Сакари, соопшти дека ќе се омажи за својот долгогодишен партнер, Константинос Мицотакис, син на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Многумина беа заинтересирани кои ќе бидат гостите на свадбата, особено од светот на тенисот, па Марија Сакари откри кој ќе биде поканет.
– Ѓоковиќ ќе биде меѓу гостите. Ќе има и други луѓе од светот на тенисот. Ќе ги поканам Ајла Томљановиќ, Дона Векиќ, Белинда Бенчиќ и Сорана Кирстеа, како и Стефанос Циципас и неговиот брат, Петрос. Ќе поканам и неколкумина грчки тенисери со кои пораснав и имав неверојатни моменти на универзитетот. Дефинитивно ќе поканам повеќемина од нив на свадбата – откри Сакари.
Новак и грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, имаат одличен однос:
– Новак и мојот иден свекор се многу блиски – рече Сакар.
Познато е дека Ѓоковиќ често бил во Атина во последните две години и дека има куќа таму.












