Младинскиот центар Карпош (МЦК) ја започнува својата работа со серија тематски вечери исполнети со филм, книги, дружење, квизови и друштвени игри.
На 7 октомври, во 19 часот е „Пронајди пријател“ – вечер за нови познанства, дружење и запознавање со нови луѓе. Секој е добредојден, на 8 октомври, исто така во 19 часот на репертоарот е „Жива библиотека“- вечер посветена на книгите и размената на омилени наслови и книжевни препораки, а на 9 октомври во 19 часот се Друштвени игри и квизови – вечер исполнета со забава, натпреварувачки дух и дружење.
Работно време на Младинскиот центар Карпош оваа недела е од 13:00 до 22:00 часот.
-Млади карпошани, Младинскиот центар Карпош е отворен за сите вас. Место за нови идеи, знаења, креативност, дружење и активности кои ги поврзуваат младите – повикуваат од Општина Карпош.












