вторник, октомври 6, 2026
Дома СКОПСКА Општина Илинден додели субвенции на над 150 првачиња

Општина Илинден додели субвенции на над 150 првачиња

1

Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска  поддршка на семејствата со деца кои го започнаа своето основно образование во учебната 2025/2026 година.

Со мерката, која беше дел од предизборната програма на градоначалникот, Александар Георгиевски, се опфатени над 150 првачиња запишани во општинските основни училишта.

-За секое прваче е обезбедена еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, со цел да се намалат дел од трошоците на семејствата на почетокот на учебната година. Покрај финансиската поддршка, на првачињата традиционално им беа доделени и ранци со училишен прибор – истакна Георгиевски.

 

ИЗДВОЕНИ