понеделник, август 3, 2026
Дома СВЕТ Две морничави злосторства, речиси исто сценарио: Туристки убиени во Грција и Србија...

Две морничави злосторства, речиси исто сценарио: Туристки убиени во Грција и Србија пронајдени во куфери – осомничени се странци

0
Illustration pexels

Две морничави злосторства, едното во Грција, а другото во Србија, се поврзани со речиси идентично сценарио. Во двата случаи, мажи од други земји се осомничени за убиствата, а телата на жртвите се пронајдени во куфери.

Грчката полиција објави дека еден маж го признал убиството на шкотска државјанка чие тело било пронајдено во куфер во напуштена зграда во Атина.

Елизабет-Џејн Рос (38), позната на нејзиното семејство како Лиза, била пронајдена на 18 јули во атинската населба Кипсели, неколку дена откако била пријавена како исчезната. Локалната полиција започнала истрага во соработка со властите од САД, Велика Британија и Шкотска и сега објави апсење на 26-годишен маж. Би-Би-Си дознава дека станува збор за авганистански државјанин.

Полицијата соопшти дека мажот бил донесен во полициска станица во четврток, каде што „ги признал своите дела“. Тој беше уапсен под сомнение за убиство, грабеж и поседување оружје, но точните обвиненија сè уште не се финализирани според грчкиот правосуден систем.

Полицијата вели дека Рос пристигнала во Грција на 26 јуни и останала во областа Пиреја до 10 јули. Тој ден, таа заминала на непозната локација во регионот Атика. По истрагата и анализата на видео од надзорните камери, полицијата вели дека го поврзала 26-годишникот со случајот. Според нивните изјави, мажот го пренел телото на Лиса во куфер на напуштена локација, а потоа ги користел нејзините банкарски картички за да подигне пари. За време на претресот на неговиот дом, полицијата пронашла и запленила реплика на пиштол и нож.

Лиса претходно престојувала во населбата Керацини, околу 9,5 километри западно од центарот на Атина, со грчки пријатели. Таа им рекла дека ќе оди во Кипсели на 15 јули, каде што престојувале нејзините „американски пријатели“ или познаници. Грчката полиција во саботата објави дека го забрзуваат подготовката на токсиколошките извештаи за да се утврди причината за нејзината смрт, евентуално „во наредните денови“. Резултатите од токсикологијата би можеле да бидат готови за неколку недели или неколку месеци, во зависност од сложеноста на случајот и обемот на работа на форензичките лаборатории.

На телото на починатата жена не се пронајдени очигледни повреди или знаци на борба, што отвора дополнителни прашања за тоа како починала. Полицијата се обидува да ги пронајде и американските пријатели на Лиза, за кои велат дека исто така биле во Кипсели.

Тело пронајдено во куфер и во Србија

Речиси идентично злосторство ја потресе Србија, кога по неколкудневна потрага, беше пронајдено телото на Русинка чии исчезнување го пријавиле пријатели и семејството.

Се сомнева дека турски државјанин (24) ја намамил Русинката во својот стан, каде што влегле заедно околу 5:30 часот наутро, а девојката веројатно не очекувала осомничениот да ѝ наштети. Во рок од еден час по пристигнувањето во неговиот стан, се соменва дека тој ја задавил со парче облека што претходно го завиткал околу вратот. Потоа осомничениот го ставил нејзиното тело во куфер, кој го извадил од станот околу 6:55 часот наутро и го фрлил во Вижељскиот канал.

Осомничениот бил уапсен од полицијата на аеродромот Никола Тесла додека се обидувал да ја напушти Србија.

ИЗДВОЕНИ