Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, вчера изјави дека во последните 24 часа се примени повици од Велика Британија, Бугарија и Украина, во кои претставници на овие земји објавија дека нема да бидат дел од војната против Иран.
Багеи во интервју за иранската агенција SNN изјави дека тековните разговори со Оман се однесуваат на транзитната рута низ Ормускиот теснец, која не е „ниту северна ниту јужна рута“, пренесува Ал Џезира.
Тој наведе дека САД не дозволиле продолжување на бродскиот сообраќај во тој воден пат во рокот предвиден во меморандумот за разбирање и дека го нападнале Иран „пред истекот на договорениот период“.
„Отворањето на Ормускиот теснец е посебно прашање од нашите преговори со Оман, бидејќи затворањето на теснецот е поврзано со кршење на американските обврски“, рече Багеи.03












