понеделник, август 3, 2026
Дома СВЕТ Иран порачува дека Ормускиот теснец повеќе нема да функционира како пред војната

Иран порачува дека Ормускиот теснец повеќе нема да функционира како пред војната

0

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Ормускиот теснец никогаш нема да се врати во состојбата во која бил пред војната меѓу САД и Израел против Иран и нагласи дека договорот со Оман за управување со Ормускиот теснец е одделен од прашањето дали водниот пат ќе биде повторно отворен или ќе остане ограничен.

Багеи рече дека разговорите меѓу Иран и Оман за иднината на Ормускиот теснец траат веќе некое време, со цел да се постигне специфична рамка за обезбедување безбедна поморска пловидба, објави иранската новинска агенција ИРНА.

„Под никакви околности Ормускиот теснец нема да се врати во состојбата пред војната“, рече Багеи, осврнувајќи се на разговорите меѓу Техеран и Мускат за нова поморска рута низ Ормуз.

Багеи додаде дека идниот статус на водниот пат е поврзан со регионалната безбедност и активностите што ги преземаат Соединетите Американски Држави (САД).

Според него, Иран и Оман, како две крајбрежни држави на Ормутскиот теснец, имаат заедничка одговорност да соработуваат во областа на поморската безбедност и безбедната пловидба.

ИЗДВОЕНИ