Иранските власти денес предупредија дека оние што ќе преземат и користат замрзнати ирански средства нема да можат да поминат низ Ормускиот теснец.
Трамп претходно се закани дека иранските средства ќе бидат искористени за компензација на штетите предизвикани на бродовите и товарот во Персискиот Залив, објави Ал Џезира, потсетувајќи дека официјален Техеран ја окарактеризирал заканата на Трамп како „провоцирачка“.
Портпаролот на Централната команда, Хатам ал-Анбија, заедничката команда на иранските вооружени сили, предупреди на последиците од користењето на замрзнатите ирански средства.
„На сите компании и земји што ќе го прифатат предлогот на Трамп и ќе ги користат блокираните ирански средства ќе им биде забрането да минуваат низ Ормускиот теснец. Заканата на Трамп е нелегална“, изјави портпаролот на Заедничката команда на иранските вооружени сили.












