вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Бизарен инцидент во Ламанш: Француски брод испука истрели додека британски политичар даваше...

Бизарен инцидент во Ламанш: Француски брод испука истрели додека британски политичар даваше интервју во живо за Би-Би-Си/ВИДЕО

86
Foto: Printscreen/Video/X

Бизарен инцидент се случи во Ламанш кога француски патролен брод испука неколку истрели додека британскиот опозициски политичар Крис Филп даваше интервју во живо за Би-Би-Си.

Филп, министерот за внатрешни работи во сенка, разговараше со новинарот на Би-Би-Си, Мајкл Кеохејн, за проблемот со нелегалните преминувања на мигранти преку Ламанш, кога француски воен брод се приближи на пет километри од францускиот брег и само на 300 метри од рибарскиот брод од кој известуваше Би-Би-Си.

Додека се емитуваше програмата, одеднаш се слушнаа 17 истрели едно по друго, а еден офицер на францускиот брод беше виден како насочува пиштол во морето.

Новинарот на Би-Би-Си рече дека ситуацијата е исклучително невообичаена и дека немало претходно предупредување или индикација дека францускиот брод ќе отвори оган.

„Сè уште не е јасно кон што се насочувал патролниот брод“, рече Кеохејн.

Филп верува дека не било случајност и тврди дека пукањето изгледало како обид да се заплаши екипажот за да се откаже од известувањето за мигрантските рути преку Ламанш.

Капетанот на рибарскиот брод од кој беше емитувано интервјуто, Мет Кокер, рече дека никогаш не видел нешто слично во целата своја кариера.

Би-Би-Си побара официјално објаснување од француската крајбрежна стража, додека британската влада соопшти дека е во контакт со француските власти за да ги утврди сите околности на инцидентот.

Ова е втор необичен воен инцидент во областа овој месец. Претходно, руски воен брод, под надзор на Британската кралска морнарица, спроведе вежба со пукање со боева муниција на околу 74 километри јужно од Плимут.

ИЗДВОЕНИ