понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ Тајани: Нападите на Трамп врз Мелони нема да влијаат на односите меѓу...

Тајани: Нападите на Трамп врз Мелони нема да влијаат на односите меѓу Италија и САД

0

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека новиот напад на американскиот претседател Доналд Трамп врз италијанската премиерка Џорџа Мелони, нема да влијае на односите меѓу Италија и САД.

Во својата најнова објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп сподели фотографија од Мелони како го гледа, со натпис: „Потребна е забрана за пристап“, пренесува Ansa.

„Ваквите изјави зборуваат сами за себе. Од самиот почеток на овој конфликт меѓу Трамп и Мелони, рековме дека нема да одговараме на изјави од ваков вид. Ајде да продолжиме понатаму“, изјави Тајани за телевизијата Sky TG24.

Трамп повторно се потсмева на Мелони: „Итна забрана за пристап“

ИЗДВОЕНИ