Најпознатата блогерка во светот, Србинката Тамара Калиниќзавчера се омажи за својот избраник, Италијанецот Филипо Теста. Скапата церемонија беше организирана на брегот на езерото Комо, во познатата „Вила-Пицо“, раскошно здание кое се наоѓа меѓу Молтрасио и Чернобио.

Токму поради приватноста на гостите, како и на Тамара и Теста, сè било во строга тајност, со силно обезбедување. Списокот на познатите гости го знаеле само таа и младоженецот. Сепак, меѓу новинарите исплива веста дека меѓу стоте ексклузивни гости се најде и славната манекенка Наоми Кемпбел. Тамара пристигнала до местото на церемонијата во придружба на својот татко, кој допатува од Белград. Тој момент воедно беше и најемотивниот дел од свадбата. Невестата не издржа, па од радост заплака! (фото:Инстаграм)

 

ИЗДВОЕНИ