Македонската кошаркарска репрезентација ги комплетира подготовките за дуелот против Кипар, кој ќе се одигра утре во салата „Лазар Лечиќ“, со почеток во 18:00 часот.

Последен во репрезентативниот строј се приклучи Мозес Рајт, кој има зад себе фантастичен настап во дресот на Олимпија Милано. Во победата над Лион од 95:91, на гостински терен, американскиот центар постигна 29 поени и додаде осум скока.

Македонија успешно ја почна втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, со триумф на гостувањето кај Австрија. Сега, со Ненад Димитријевиќ и со Рајт како главни адути, избраниците на селекторот ќе атакуваат на нова победа пред домашната публика.

Правдата на натпреварот ќе ја делат Французинот Валентин Олио и Грузијците Кирил Тваури и Микел Вартанов, додека комесар ќе биде Наташа Ковачевиќ од Србија.

ИЗДВОЕНИ