среда, јули 22, 2026
Дома СВЕТ Светот чека да види што ќе се случи во 2 часот во...

Светот чека да види што ќе се случи во 2 часот во среда, кога истекува ултиматумот на Трамп – „Договор од Исламабад“ за итен прекин на огнот, отворање на Хормуз, па преговори за мир, на маса во Вашингтон и Техеран

468
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран нема повторно да го отвори Хормускиот Проток во замена за „привремен прекин на огнот“, објави во понеделник „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер. Според изворот, Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот. „Ројтерс“, исто така, објави дека Иран и САД добиле предлог за план за завршување на војната, кој повикува на двофазно примирје. Според извор запознаен со преговорите, планот вклучува итен прекин на огнот, по што би следувал конечен договор за прекин на конфликтот

Светот е во исчекување да види што ќе се случи во два часот по полноќ в среда по македонско време, односно во 20 часот во вторник по американско време, кога истекува ултиматумот на американскиот претседател, Доналд Трамп, Иран да прифати примирје и да го ослободи Хормускиот Проток.

– Ако се случи, ќе се случи. Ако не, ќе ја дигнеме во воздух целата земја. Како што реков, ќе биде ден на мостови и ден на електрани во Иран, фала му на Бога. Ако не сакаат договор, нивната земја ќе исчезне… пеколот ќе се спушти врз нив – рече Трамп, без да одговори дали ќе биде бомбардирана и цивилната инфраструктура.

Иран нема повторно да го отвори Хормускиот Проток во замена за „привремен прекин на огнот“, објави во понеделник „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер. Според изворот, Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот. „Ројтерс“, исто така, објави дека Иран и САД добиле предлог за план за завршување на војната, кој повикува на двофазно примирје. Според извор запознаен со преговорите, планот вклучува итен прекин на огнот, по што би следувал конечен договор за прекин на конфликтот.

– Сите елементи мора да бидат договорени денес – рече изворот во понеделникот, додавајќи дека почетниот договор ќе биде формализиран како меморандум за разбирање, електронски потврден преку Пакистан, што е единствениот комуникациски канал меѓу страните.

Според предлогот, прекинот на огнот би се спровел веднаш, при што е вклучено и отворање на Хормускиот Проток. По ова би следувал период од 15 до 20 дена за постигнување поширок договор. Планот, неофицијално наречен „Договор од Исламабад“, би вклучувал регионална рамка за управување со протокот, со конечни преговори што ќе се одржат во Исламабад, Пакистан.

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијален 45-дневен прекин на огнот како дел од тој договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и на регионални извори. Извор за „Ројтерс“ изјави дека началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, бил во контакт „цела ноќ“ со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф и со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. Конечниот договор, според изворот, треба да ја вклучува обврската на Иран да не развива нуклеарно оружје, во замена за ублажување на санкциите и замрзнување на средствата. Функционерот потврдува дека Иран го добил предлогот на Пакистан за итен прекин на огнот и го разгледува, додавајќи дека Техеран не прифаќа притисок да се согласи со роковите и да донесе одлука.

Неименуван добро информиран ирански извор предупреди за опасните последици од евентуалниот „луд потег на американскиот претседател, Доналд Трамп, против иранската инфраструктура“ и посочи дека тоа, веројатно, ќе ги донесе последиците од војната на територијата на САД.

 

ИЗДВОЕНИ