среда, октомври 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пет малолетници од по 15 години испрашани во полиција за тепањето на...

Пет малолетници од по 15 години испрашани во полиција за тепањето на 13 годишното момче во Влае

39

Се подготвува пријава за малолетниците кои со боксирач, клоци и тупаници претепаа 13 годишно момче во населбата Влае кај плоштадот Делфина, информираат за весникот Вечер од МВР. Досега во станица се испрашани петмина на возраст од 15 години, а ќе се повикуваат и другите од групата.

„Во СВР Скопје досега се извршени службени разговори со пет малолетни лица (на возраст од 15 години), во присуство на родител и бранител. Во тек е повикување и на други малолетни лица заради утврдување на сите инволвирани во настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок“, велат од полицијата

Случајот во полицијата го пријавила мајката на детето која сведочеше дека  бил брутално претепан без причина, а напаѓачите му биле познати од претходно. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ