четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Светлина што останува: Кочани ја одбележува годишнината од трагедијата во Пулс“

„Светлина што останува: Кочани ја одбележува годишнината од трагедијата во Пулс“

439

Со утринската литургија за загинатите во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, започна одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”.

За утре се предвидени повеќе спортски и културни активности. Предвидена е рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели”, на релација на Пониква.

Истиот ден, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

На 16 март е централното одбележување на кочанската трагедија, а во пред објектот „Пулс” ќе се одржи настанот „Светлина што останува”.

Во Паркот на револуцијата во Кочани на 16 март ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи”, со муралот „Ѕид на сеќавање”, посветен на жртвите.

Во пожарот во ноќниот клуб Пулс во Кочани што се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот по полноќ загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени.

ИЗДВОЕНИ