Легендарниот српски кошаркарски тренер, Светислав Пешиќ, потврди дека оваа сезона е негова последна во кариерата. Тој неколку пати беше „пратен во пензија“, но покажа дека дури и во осумдесеттите години може да направи разлика, но овој пат дефинитивно одлучи дека повеќе нема враќање.

  • Всушност, не сакав ништо да правам до крајот на оваа сезона. Сакав да имам повеќе време за моето семејство, особено за мојата сопруга, Вера. Потоа ми се јави Херберт Хајнер, претседателот на Баерн. Клубот штотуку се раздели со Гордон Херберт по осум последователни порази во Евролигата. Хајнер ме праша дали можам да го преземам тимот до крајот на сезоната – рече Пешиќ.

Тој објасни дека неговата сопруга рекла „да“.

  • Му кажав на Хајнер дека сакам прво да разговарам со сопругата. Вера е, исто така, љубител на кошарката. И самата играше кошарка. Рече дека ако те повика претседателот, не можеш да кажеш „не“. Не би прифатил ниту еден друг клуб, но се идентификувам со Баерн 100 проценти. Тоа е мојот клуб, клубот на моето срце – истакна Пешик во интервју за германскиот „Ди Цајт“.

ИЗДВОЕНИ