четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Израелската војска тврди: Убиен е командантот на Хезболах за Јужниот фронт во...

Израелската војска тврди: Убиен е командантот на Хезболах за Јужниот фронт во Либан

68
Foto: EPA

Израелската војска денес објави дека го убила командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Хаџ Јусеф Исмаил Хашем, кој бил задолжен за воените активности во јужен Либан.

Војската на платформата X соопшти дека Хашем е убиен во израелски поморски напад во Бејрут синоќа.

Хашем е највисоко рангираниот командант на Хезболах убиен од Израел откако судирите меѓу двете страни ескалираа по почетокот на војната со Иран.

Тој го презеде Јужниот фронт од Али Караки во септември 2024 година, откако Караки беше убиен во израелски напад заедно со лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Израелската војска соопшти дека Хашем бил „високо рангиран командант со над 40 години искуство“ и една од главните личности на Хезболах, и дека ги предводел единиците Насар, Азиз и Бадр, кои се борат против израелските трупи во јужен Либан и оттаму испукуваат ракети во Израел.

ИЗДВОЕНИ