среда, јуни 24, 2026
Дома БАЛКАН Свештеник во Словенија починал по убод на оса среде миса

Свештеник во Словенија починал по убод на оса среде миса

28
Фото: Facebook

Словенечкиот свештеник Роберт Емершич почина од убод од оса, објави на социјалните мрежи парохијата Свети Јосиф Работникот, од словенечкиот град Раче, наведувајќи дека настанот се случил за време на света миса во Планица.

„Во недела, 14 јуни 2026 година, бевме шокирани од веста дека нашиот пастор Роби починал од реакција на убод од оса за време на света миса во Планица. Одеднаш се најдовме во сосема нова и тешка ситуација. Сè мораше да се организира за збогувањето, погребот, молитвата, светите миси во парохиите…“, се наведува во него.

Тие им се заблагодарија на сите што се молеа и што ќе продолжат да се молат за Роби.

„Ви благодарам на сите што помогнаа во организирањето и спроведувањето на неговото збогување во парохиската црква во Фрам и во Раче и погребот во Хоче. Ви благодарам на сите свештеници што учествуваа на светата миса во вторник во Раче, за да можеме да се збогуваме со него таму каде што тој претпочиташе да биде, на олтарот, на светата миса што со толку задоволство ја служеше“, напишаа од парохијата Свети Јосиф Работникот.

Исто така, им се заблагодарија на сите што им помогнаа по трагичната смрт на пасторот.

„Животот во обете парохии продолжува, но веројатно малку поинаку од порано, кога го имавме Роби. Од сите нас зависи да се здружиме и да се погрижиме парохиите да работат уште подобро, бидејќи тоа го сакаше Роби. Драг парохиски свештенику Роби, почивај во мир“, заклучија од Парохијата.

ИЗДВОЕНИ