четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Суво време до крајот на неделата, од утре пониски температури

Суво време до крајот на неделата, од утре пониски температури

117

До крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, најавува УХМР.

Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 4 степени, а максималната 16.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 9 до 16 степени.

ИЗДВОЕНИ