вторник, јули 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Судир на три возила на магистралата Кичево–Охрид: Осум повредени, меѓу нив и...

Судир на три возила на магистралата Кичево–Охрид: Осум повредени, меѓу нив и две деца

0

Осум лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово.

Според полицијата, несреќата била пријавена во 13:35 часот, а во судирот учествувале три возила: „Фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобил 79-годишен сопатник во „Цитроенот“, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи и уште седум сопатници, меѓу кои две малолетни деца. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат.

ИЗДВОЕНИ