Факултетот за музичка уметност – Скопје го организира третото издание на Студентскиот џез, поп и рок-фестивал, кој е дел од ИКСССА-проектите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Фестивалот ќе се одржи денес и утре, во просторот на „Лум арт енд калчр“ (20:00 ч.), каде што ќе бидат организирани две фестивалски вечери и две едукативни работилници.
Во рамките на фестивалот се предвидени и две работилници со Арменд Џафери од Косово, кои ќе се одржат во текот на двата фестивалски дена, со почеток во 12:00 часот.
Настанот има цел да ги поттикне креативноста, музичкото изразување и соработката меѓу студентите, како и да овозможи размена на искуства и знаења во областа на џез, поп и рок-музиката.
Влезот е слободен.












