Вечерва, од 20 часот, во Националната опера и балет, Мандолинскиот оркестар „Скопје“ одржува концерт по повод 25 години од своето постоење и 60 години уметничка дејност на маестро Рамадан Шукри.
Со оркестарот диригираат Рамадан Шукри и Ерхан Шукри, а како гости публиката ќе може да ужива во настапот на мецосопранистката Јадранка Јовановиќ од Србија и виолинистките Лалита и Нандини од Индија, како и на солистите Катерина Стојановска, Вариса Хајдерпашиќ (сопран), Христо Арсовски (тенор), Добрила Грашеска (вокал), Џон Илија Апелгрен (џез пејач), Ернес Ибраимовски (баритон) и Лазар Сандев (мандолина).
Фото: П. Стојановски














