Македонската стрип-цртачка и илустраторка Славица Купенкова, позната под уметничкото име Dona da Vidra, ќе ја претставува Македонија на претстојниот 11. Меѓународен фестивал на стрип и фантастика во Сомбор (11. Somborski Internacionalni Festival Stripa i Fantastike). Наградуваната уметница ќе дебатира и ќе го промовира својот најнов графички роман на престижниот меѓународен настан во Србија.

Како што информира македонскиот промотор Томе Трајков, таа ќе се претстави на овој реномиран регионален настан и со својата комплетна авторска работа.

Купенкова е веќе афирмирана и наградувана стрип-авторка на домашната и на меѓународната сцена. Самиот фестивал во Сомбор, Србија, традиционално ги здружува најистакнатите автори, сценаристи, издавачи и вљубеници во стрипот од регионот и од цела Европа, нудејќи богата програма посветена на стрипот, фантастиката и на современата уметност.

Македонската уметница ќе има клучни активности во двата фестивалски дена. На 16 мај од 18:00 до 18:30 часот, ќе учествува на панел-дебатата „Жени во современиот стрип: перспективи и искуства“. Во разговорот, покрај Купенкова, ќе дебатираат и Ана Живковиќ, Сара Живковиќ и Силвија Дерановиќ, под модераторство на Стеван Пузиќ. На 17 мај од 11:00 до 11:30 часот, официјално ќе биде претставен новиот графички роман на Славица Купенкова пред интернационалната публика.

ИЗДВОЕНИ