четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Страотен случај во Хрватска: Маж ги убил мајка му и баба му...

Страотен случај во Хрватска: Маж ги убил мајка му и баба му – и претходно и бил познат на полицијата

500

Во Госпиќ, Хрватска, рано утрово, околу 5:50 часот, во дворот на семејна куќа се пронајдени две тела. Полицијата на местото на настанот пронашла и уапсила маж за кој се верува дека е поврзан со случајот, соопшти Полициската управа Лика-Сењ.

Како што дознава Индекс, станува збор за двојно убиство. Психички нестабилен маж ги убил сопствената мајка и баба на засега неутврден начин.

Според достапните информации, полицијата и претходно постапувала со него претходно, и во таа прилика морала да употреби сила бидејќи се работи за физички силна личност.

Последниот збор за неговата состојба на свест во моментот на убиството ќе го дадат лекари и вештаци.

На местото на настанот каде што се пронајдени телата се води истрага на лице место, предводена од државното обвинителство на округот Карловац.

По истрагата ќе следи кривична истрага за да се утврдат сите околности на овој настан, вклучително и официјалната потврда на идентитетот на починатите.

ИЗДВОЕНИ