четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со 2,35 промили алкохол возач од Гевгелија удри во споменик по полициска...

Со 2,35 промили алкохол возач од Гевгелија удри во споменик по полициска потера

108

На 9 март 2026 година околу 21:25 часот, во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Д. (43) од Гевгелија.

Претходно, околу 21:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал И.Д., но тој не застанал на дадениот знак.

Набргу потоа возачот изгубил контрола над возилото и удрил во споменик во центарот на селото. Во незгодата се здобил со повреди, по што му била укажана лекарска помош од екипа на Итната медицинска помош од Гевгелија.

По преземените мерки било утврдено дека возачот управувал со 2,35 промили алкохол во крвта, а регистарските таблички на возилото припаѓале на друго возило.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ