Жељко Митровиќ, сопственикот на „Пинк медиа груп“, на платформата „Икс“, објави дека отпуштил околу 150 вработени во театарот „Одеон“ – при што ги распуштил сите негови ансамбли – и навести дека во блиска иднина вкупно околу 1.000 вработени во десетина негови компании би можеле да останат без работа.
„Еден од најтешките денови во мојот живот – исполнет со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот ’Одеон‘, 150 луѓе останаа без работа. Во целиот мој систем – поточно во десетина компании кои сè уште немаат постигнато стабилно и профитабилно работење – веројатно ќе морам да отпуштам вкупно околу илјада луѓе. Се гледаме во подобри времиња, драги пријатели! Ваш, Жекс!“ – напиша Митровиќ.
Театарот „Одеон“ беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, сместен во поранешно кино кое Митровиќ претходно го купи. Митровиќ го најави распуштањето на театарот и отпуштањата во Пинк кон крајот на 2025 година – нешто повеќе од една година по отворањето на објектот.
Jedan od najtezih dana u mom zivotu,
pun emocija, ljubavi, topline i razumevanja, raspustio sam sve ansamble u Teatru Odeon, 150 ljudi je ostalo bez posla, otprilike u celom sistemu moraću da otpustim oko hiljadu
judi, zapravo iz desetak kompanija koje jos nisu stigle do "zelene… pic.twitter.com/GCr4NdHchS— Željko Mitrović (@zeljkomitrovic) October 29, 2026
Овој медиумски магнат – сопственик на контроверзната ТВ „Пинк“, фабрика за борбени беспилотни летала за Вооружените сили на Србија, како и на неколку други претпријатија – е познат како верен поддржувач на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ, со кого останува исклучително близок, како во политичките, така и во медиумските кругови.
Неговиот канал, „Пинк“, беше познат како телевизиска станица блиска до Александар Вучиќ – еден од медиумите што му се најблиски – која некритички ги пренесуваше ставовите на владата и пропагандата, истовремено таргетирајќи ги неговите противници. Со години, Митровиќ им даваше поддршка на Вучиќ и на неговата Српска напредна партија (СНС) – која претрпе убедлив пораз на предвремените парламентарни избори во неделата од страна на „Студентската листа“.












