четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стојне не се откажува од локалитетот „Куклица“, за легендата за камените кукли...

Стојне не се откажува од локалитетот „Куклица“, за легендата за камените кукли пак барала 150 денари по човек

113

Стојна Димитровска од Кратово повторно е приведена откако,  се обидела пак да наплаќа влезници на посетители на локалитетот „Камени кукли“ и им се заканувала на двајца скопјани.

На 27 октомври во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода 41-годишната Димитровска, постапувајќи по пријава од Р.П. и Ј.Б. од Скопје. Според пријавеното, таа се обидела да им наплати билети за влез во локалитетот, а потоа им се заканувала. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава. Ова не е првпат Димитровска да биде приведена во врска со наплатата на влезници на „Камени кукли“. Случајот со управувањето со локалитетот и наплатата на пристап до него се провлекува со години, а Општина Кратово претходно реагираше дека просторот е бесправно узурпиран.

Во јули годинава,беше приведен и нејзиниот сопруг, британски државјанин, по инцидент со даночни инспектори. Според тогашните информации, тој со камења се обидел да ги спречи инспекторите во вршењето контрола, а за Димитровска веќе имало судска мерка со забрана за приближување до локалитетот.

 

 

ИЗДВОЕНИ