Од денес со 18 април во просториите на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје ќе се одржи Четвртиот колоквиум на Комисијата за стилистика при Меѓународниот славистички комитет на тема „Стилистички атлас на словенските литератури“.
-Врз основа на достапните извори, стилистички атласи не постојат за словенските јазици и литератури (и не само за нив), затоа и нивното толкување отсуствува, поради што беше потребно да се создаде наша сопствена дефиниција: стилистичкиот атлас е текстуално-картографски комплекс од структурирани информации и систематизирано знаење што компактно ги одразува стилистичките (поетичките) карактеристики, феномени, процеси, маркери, техники, феномени…, нивната дистрибуција и фреквенција во рамките на: (1) одреден простор (на пример, словенски или дури и потесен – руски, српски, македонски… како што е стилистички атлас на град, село, регион итн.), (2) временски период (на пример, 19 век), (3) индивидуалнo творештво (на пример, Блаже Конески, Мирослав Крлежа, Иво Андриќ, А.С. Пушкин, итн.), (4) жанр (на пример, роман), (5) движење (како романтизам), (6) стилски стратегии, доминанти, универзалии, уникатни карактеристики и уникатни, создаден [атлас] од луѓе и/или вештачка интелигенција (AI) врз основа на електронски и други корпуси со користење на два главни методи ‒ а) мапирање: претворање на збир (емпириски) податоци и информации во моно- и мултимедијални, онлајн и офлајн, дводимензионални и тродимензионални, статички и динамички, фиксни и интерактивни карти (слични на географски, астрономски, дијалектолошки, историски, анатомски и други мапи, дијаграми како што се транспортни врски, планови на метро), фигури ‒ линии со два пола, триаголници, квадрати, кругови, сфери, табели (со статистички податоци), б) описи картографски резултати кои јасно и длабински ги претставуваат стилистичките и поетичките феномени во текстуално-визуелна форма за нивно истражување, презентација и едукација, велат од Институтот за македонска литература.
Додаваат дека суштината на ваквиот потфат се состои во моделирање на стилистички феномени, процеси, техники итн. со помош на мапирање – формализација, што резултира со карти со стилистички пејзаж, од кои некои можат да бидат во форма на: а) дијаграм, б) шема, в)табела (со статистички податоци), г) геометриски фигури – линија (со полови А и Б), триаголник (А – Б – В), квадрат (А – Б – В – Г), пирамида, круг, сфера.
-Оваа тема совршено се вклопува во концептот на стилистичките колоквиуми на Стилистичката комисија: разгледување на фундаментални, сложени и тешки, замршени и слабо имплементирачки идеји, поставување нови, оригинални предлози, создавање нешто што воопшто не постои во словенската стилистика, но што е неопходно, корисно и барано на теоретско и практично ниво, посочуваат од Институтот за македонска литература.












