среда, јули 22, 2026
Дома БАЛКАН 14-годишниот ученик кој уби 9 лица во училиштето во Турција е син...

14-годишниот ученик кој уби 9 лица во училиштето во Турција е син на полицаец – таткото е уапсен

Четиринаесетгодишник уби девет лица во нападот што се случи за време на училишна смена. Уште 13 лица се повредени, од кои тројца се во критична состојба

850
Foto: Printscreen/Video/X

Пукањето во основно училиште во Кахраманмараш ја шокираше Турција, уште повеќе затоа што тоа беше втор напад врз училиште во земјата во рок од 48 часа. Властите брзо известија дека не станува збор за тероризам, туку за крвав пир од страна на 14-годишен ученик во училиштето.

Според деталите објавени во турските медиуми, 14-годишникот е син на поранешен полицаец, а во неговиот училишен ранец носел пет огнениоружја и седум шаржери со муниција, за кои се сомнева дека ги зел од својот татко. Околу 13 часот, помеѓу утринската и попладневната смена меѓу учениците, 14-годишникот влегол во училницата и отворил оган од вратата. Убил девет лица, а ранил уште 13 други, од кои тројца се во критична состојба.

Гувернерот на Кахраманмараш, објавија турските медиуми, изјави дека таткото на момчето е уапсен и дека е побарана мерка притвор за него.

14-годишниот напаѓач изврши самоубиство, а полицијата го однесе неговото тело со оклопно возило по увидот на местото на настанот. Собраните граѓани се обидоа да го запрат возилото, но на крајот сè помина без инциденти.

Покрај овој напад во основното училиште, во пукотница 48 часа претходно, 19-годишник отвори оган со пушка на случаен начин во комплексот на техничкото училиште во Сиверек, повредувајќи 16 лица. Тој бил поранешен ученик во тоа училиште, кој потоа го продолжил своето образование од далечина, а исто така изврши самоубиство по нападот.

ИЗДВОЕНИ