вторник, јуни 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, судот ја проверува медицинската документација

Стевчо Јакимовски засега избегна затвор, судот ја проверува медицинската документација

12

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, нема да се јави на издржување на затворската казна на 2 јули, откако поднел барање за одлагање на извршувањето на казната поради здравствени причини.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека по приемот на барањето, судијата за извршување на санкции започнал постапка за проверка на приложената медицинска документација. Воедно, побарани се и дополнителни информации од двете приватни здравствени установи кои ја издале документацијата.

Согласно член 144 од Законот за извршување на санкции, судијата има рок од 30 дена од приемот на барањето да ги провери наведените околности и да донесе одлука. До тогаш, почетокот на извршувањето на затворската казна се одлага.

Јакимовски требаше на 2 јули да се јави во затвор на издржување на едногодишната казна, на која беше осуден поради кривичното дело бесправно градење.

ИЗДВОЕНИ