Местото на кое се одржа концертот (паркот Расадник), понајпрво ечеше од најубавите македонски народни и патриотски рефрени во моќната изведба на Влатко Миладиноски, по што сцената ја презеде македонската попѕвезда Влатко ЛозаноскиЛозано, раперот Таско, 2-Бона и балканскиот миленик раперот Војаж              

Музичкото роденденско лето 2026, во скопската “Кисела вода”, успешно заврши со одличен настап на популарните Влатко Миладиноски и Влатко Лозаноски кој воедно и го прослави својот роденден. Во придружба на нашиот Таско и гостинот од Србија, омиленот Војаж кај тинејџерите, се случи одлична незаборавна ноќна летна забава.  

Местото на кое се одржа концертот, понајпрво ечеше од најубавите македонски народни и патриотски рефрени во моќната изведба на Влатко Миладиноски, по што сцената ја презеде македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано.  За него ова беше двојно празнична вечер бидејќи го прослави својот 41 роденден, па пред бројната публика симболично дувна свеќичка на роденденската торта и тоа на самата сцена. Роденденот на Лозано му го честиташе и неговото двогодишното синче Марко, кој му е воедно и најголемиот фан. Еуфорија продолжи и кога пред публиката се појави раперот Таско. Со својот препознатлив урбан звук и своите хитови, тој создаде одлична атмосфера низ која публиката постојано пееше и играше.

 Настапот на Таско донесе и еден посебен, емотивен момент. Зад сцената беше присутна неговата 75-годишна сакана баба Павлинка, а која за првпат дојде на некој негов концерт за да му ракоплеска на својот внук. Седната на клупичка, потпрена на бастунот, Павлинка ги пееше сите песни заедно со внукот за кој вели дека ѝ ја наполни душичката. А, инаку душата на сите прустни, потоа им се наполни и со оригиналните настапи на македонското хип-хоп дуо 2-Bona, како и на балканската раперска ѕвезда Војаж (Voyage).                                    (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ