Стефан Величковски е доволно познато име на македонската естрада, но и поранешен учесник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Отсекогаш важи за одличен пејач со одличен физички изглед што е комплетно доволна мамка за публиката да го слуша и да доаѓа на неговите настапи. Тој на тие настапи прави одлична атмосфера. Деновиве ја претстави својата најнова песна насловена како „Имам сè“. Тоа е силна емотивна поп-балада, која преку искрени стихови и силна интерпретација ја слави бесконечна љубов меѓу родителите и децата. Станува збор за музичка приказна што носи моќна порака за надежта, семејството и сигурноста што секое дете ги има во својот дом. Песната потсетува дека, без оглед на животните предизвици, родителската љубов останува најсилното засолниште и најголемата поддршка.
Tоа што ја прави песната „Имам сè“ уште повпечатлива е фактот што текстот е напишан од сопругата на Стефан, Ана Николовска-Величковски, како роденденски подарок за нивната ќерка Зорана. Стефан Величковски ја обликува музичката приказна со својата препознатлива и емотивна интерпретација, претворајќи ги зборовите во песна што лесно допира до срцата на публиката.
Музичката продукција е збогатена со аранжманот на Иле Спасев, додека за интересен видеоспот се погрижи Драган Ристевски. Во главната улога се појавува токму малата Зорана, која претставува инспирација за создавањето на ова дело и дополнително ја заокружува приказната на Стефан полна со радости. Со „Имам сè“, Стефан Величковски покажува дека најсилни песни се оние што се создадени од лични чувства и вистински животни моменти. Токму затоа, оваа балада има потенцијал на некој начин да стане химна на родителска љубов.












