четврток, јули 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата паѓаат додека трае нормализацијата на сообраќајот низ Ормуз

Цените на нафтата паѓаат додека трае нормализацијата на сообраќајот низ Ормуз

4

Цените на нафтата денес паднаа за околу два проценти, на најниско ниво од 27 февруари, при што суровата нафта „брент“ се движеше околу 72 долари за барел, а американската сурова нафта „ВТИ“ околу 69 долари.

Во исто време, трговците ги проценуваат тековните мировни преговори меѓу САД и Иран и постепената нормализација на сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец, објави „Трејдинг економикс“.

На лондонската берза „Ај-Си-И Фјучерс“, септемвриските договори за испорака на суровата нафта „Брент“ поевтинија за 1,47 долари, односно за 2,02 проценти, и достигнаа цена од 71,48 долари за барел.

Во исто време, августовските договори за американската сурова нафта „Вест Тексас интермидиет“ (ВТИ) на берзата „Најмекс“ се намалија за 1,04 долари, или 1,5 проценти, па со нив се тргуваше по цена од 68,46 долари за барел.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и најновите податоци од американската Администрација за енергетски информации, според кои стратешките резерви на нафта во САД се намалиле за 5,536 милиони барели и достигнале 325,655 милиони барели, што е најниско ниво од мај 1983 година.

Во неделниот извештај се наведува и дека комерцијалните залихи на сурова нафта во САД минатата недела се намалиле за 3,78 милиони барели.

Истовремено, залихите на бензин се намалиле за 2,33 милиони барели, додека залихите на дестилати се зголемиле за 2,48 милиони барели. Овие податоци се разликуваат од очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа помал пад на резервите на бензин и намалување на залихите на дестилати.

ИЗДВОЕНИ