среда, јули 8, 2026
Дома СПОРТ Статистичарите пресметаа кој има најголеми шанси да го освои СП 2026

Статистичарите пресметаа кој има најголеми шанси да го освои СП 2026

0
epa13087898 Players of France celebrate scoring the 0-1 goal during the FIFA World Cup 2026 Round of 16 match Paraguay against France, in Philadelphia, Pennsylvania, USA, 04 July 2026. EPA/WILL OLIVER

Француската репрезентација е најголем фаворит за освојување на светското првенство, според статистичарите од платформата „Фудбал мејтс дата“. Според овој извор, шансите Франција да ја освои титулата се 26 проценти, што е повисоко од преостанатите тимови на турнирот.

Актуелниот шампион Аргентина има 13 проценти шанси да ја освои титулата, додека европскиот шампион Шпанија е на четвртото место со 12 проценти. Англија, која не беше во внатрешниот круг на фаворити за освојување на турнирот пред турнирот, има 19 проценти шанси, што ја става на второто место.

Франција игра со Мароко во четвртфиналето, а Англија против Норвешка. Вториот фаворит за светската титула, селекцијата на Шпанија, со минимални 1:0 ја доби осминафиналната пресметка против Португалците и во четвртфиналето ќе игра протрив Белгија која со убедливи 4:1 го елиминира еден од домаќините на СП 2026, репрезентацијата на САД.

ИЗДВОЕНИ