Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе биде отворен вечерва (4 август), во амфитеатарот во Струмица. На отворањето ќе ѝ биде врачена наградата „Астер“ на годинашната лауреатка, Синоличка Трпкова.

На првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа ќе следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.

Фестивалот ќе продолжи на 5 август во 11:00 часот, со тивериополската филмска посета на манастирот во Велјуса. Вечерта ќе бидат прикажани уште седум кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што ќе следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“, во македонско-швајцарско-американска копродукција.

Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен.

Меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.

„Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од македонската Агенција за филм.

ИЗДВОЕНИ