Нов скандал во светот на тенисот, а овој пат во центарот се најде српската тенисерка Мила Машиќ. Според одлуката на Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА), Машиќ е суспендирана четири години и десет месеци за местење натпревари, заедно со парична казна од 20.000 долари, од кои дел е условна. Санкцијата вклучува и период на привремена суспензија што веќе беше на сила од декември 2025 година, што значи дека нема да може да се врати на теренот пред 23 октомври 2030 година.
Во текот на постапката, српската тенисерка призна неколку прекршоци, вклучително и дека учествувала во местење четири натпревари за финансиска компензација од 2024 година, како и дека не пријавила обиди за корупција. Таа ги прифати изречените казни и се откажа од понатамошни постапки пред независни тела.











