четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Во неколку градови во Македонија почувствуван земјотрес од 4,7 степени во Грција

Во неколку градови во Македонија почувствуван земјотрес од 4,7 степени во Грција

153

Земјотрес кој денеска се случи во Грција ја стресе и Битола.

Потрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во соседна Грција, а истиот го почувствувале и во јужните делови на Македонија, особено во пограничните региони.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил лоциран на неколку километри од македонско-грчката граница, во близина на регионот на Лерин (Флорина), на длабочина од околу 10 километри.

Телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрираше потресот. Според првичните информации, земјотресот е почувствуван од граѓаните во:

Битола и околината (со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – ЕМС-98)

Гевгелија и Валандово (со интензитет од III-IV степени)

Охрид, Струга и Ресен (со интензитет од III степени)

Граѓаните од Битола јавуваат дека потресот траел неколку секунди и предизвикал вознемиреност, особено кај жителите на повисоките катови во станбените згради.

ИЗДВОЕНИ