среда, јуни 17, 2026
Дома СВЕТ „Среќен роденден, господине Геноцид“: Ирена Монтеро го шокираше Европскиот парламент со говор...

„Среќен роденден, господине Геноцид“: Ирена Монтеро го шокираше Европскиот парламент со говор за Трамп и Иран

111

Шпанската политичарка и европратеничка Ирене Монтеро остро го критикуваше пристапот на Европската Унија кон САД и иронично му посака среќен роденден на Доналд Трамп.

Обраќајќи се на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, која беше присутна за време на сесијата, Монтеро праша што Европа има да слави по договорот меѓу САД и Иран.

„Што слави Европа? Можеме ли да славиме што спречивме геноцид? Дали ја запревме нелегалната агресија на САД и Израел против Иран? Дали ги прекинавме односите со Израел? Дали ја запревме окупацијата на Либан? Не, не можеме да славиме ништо од тоа“, рече Монтеро.

После тоа, Монтеро се сврте кон шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и иронично праша.

„Дали го славите роденденот на Доналд Трамп? Тогаш да му испееме песна“, рече Монтеро, пеејќи роденденска песна за американскиот претседател.

„Среќен роденден на Трамп. Среќен роденден, господине Геноцид“, заклучи Монтеро.

Настанот се одржа за време на дебатата во Европскиот парламент за улогата на ЕУ во напорите за мир и стабилност низ Блискиот Исток по објавувањето на договорот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

ИЗДВОЕНИ