Милиони луѓе во Европа имаа можност да го набљудуваат затемнувањето на сонцето вечерва, а го следеа феноменот од разни јавни места, како што се паркови и видиковци, со помош на специјални очила, специјални домашни уреди за набљудување.
Целосно затемнување на Сонцето помина низ делови од Европа и Северниот Атлантик, при што патеката на целосното затемнување се движеше низ Гренланд, Исланд, Шпанија и мал дел од Североисточна Португалија.
На ова ретко видео од Цирих може да се види моментот на феноменот на длабоко делумно затемнување при што околу 90,5% од Сонцето беше покриено околу 20:17 часот централно европско време со вдливост на Сонцето само ~3° над хоризонтот, посведочен од граѓаните на овој швајцарски град.










