среда, јули 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Спасени тројца младичи кои ги однела реката Треска

Спасени тројца младичи кои ги однела реката Треска

20

Три момчиња, едно на возраст од 18 и две кои имаат по 15 години, попладнево ги однела реката Треска во Скопје, поради зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Едното момче веднаш било извлечено од реката, додека другите две се пронајдени и спасени низводно по течението на Треска. Децата немаат видливи повреди и се во добра состојба.

Пријавата е примена на бројот 112, а во акцијата за спасување учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај.

ИЗДВОЕНИ