Kандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во водство со освоени 1.145 гласови (45,44 %) na предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат најновите податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за онлајн следење на резултатите.
Неизвесна изборна трка за градоначалник на Општина Брвеница. Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, има минимална предност од само 20 гласа пред кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахиј.
Според податоците објавени во 21:16 часот, обработени се 20 од вкупно 24 избирачки места, односно 83,3 проценти.
Радичевски досега освоил 1.857 гласа, односно 33,65 проценти, додека Јахиј има 1.837 гласа или 33,29 проценти.
На третото место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Јакуп Хусеини, со 1.218 гласа или 22,07 проценти, додека кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освоил 440 гласа или 7,97 проценти.












