среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Во Британија уапсен маж откако се заканил дека ќе го убие Најџел...

Во Британија уапсен маж откако се заканил дека ќе го убие Најџел Фараж, лидер на крајно десничарската партија

17
EPA/NEIL HALL

Во Велика Британија е уапсен маж откако пред два месеци му се закани дека ќе го убие Најџел Фараж, лидерот на крајно десничарската партија „Реформа Велика Британија“, соопшти денес лондонската полиција.

Апсењето доаѓа во услови на растечка загриженост за безбедноста на политичарите откако Ен Видикомб, поранешна пратеничка од Конзервативната партија, а подоцна и портпаролка на „Реформа Велика Британија“, беше убиена во својот дом во јужна Англија на 8 јули.

Лондонската метрополитенска полиција соопшти дека во вторник е уапсен маж под сомнение дека испратил заканувачка порака до пратеник.

„Ќе ти пукам во глава ако победиш“, наводно му пишал осомничениот на Најџел Фараж на „Икс“, објави весникот „Телеграф“.

Полицијата соопшти дека осомничениот поминал една ноќ во притвор пред да биде ослободен со кауција.

Убиството на Ен Видикомб, членка на „Реформа Велика Британија“, ја поттикна антиимиграциската партија да побара подобра заштита за своите членови.

ИЗДВОЕНИ