недела, октомври 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски прогласи победа на изборите за градоначалник во Брвеница, СДСМ е...

Мицкоски прогласи победа на изборите за градоначалник во Брвеница, СДСМ е декласирана од граѓаните

0
Фото:принтскрин, видео

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи убедлива победа на неговата партија во првиот круг од превремените избори за градоначалник на Брвеница, тврдејќи дека кандидатот Стојанче Радичевски освоил околу 3.000 гласови, додека разликата во однос на СДСМ е поголема од четири спрема еден.

„ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Нашиот кандидат Стојанче Радичевски освои огромно мнозинство гласови, а разликата во однос на нашите конкуренти од СДС е поголема од 4 спрема 1“, изјави Мицкоски.

Тој направи споредба со повторените избори во Маврово и Ростуше, каде што, според него, ВМРО-ДПМНЕ победила со разлика поголема од два спрема еден.

„Иако само пред неколку дена раководството на СДС најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДС е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство“, порача Мицкоски.

Според партиските анализи што ги соопшти, Радичевски освоил околу 3.000 гласови, кандидатот на ДУИ нешто повеќе од 2.100, додека на третото место е кандидатот на ВЛЕН, а на четвртото кандидатот на СДСМ. Независниот кандидат поддржан од Левица, според Мицкоски, освоил околу 50 гласови.

Тој рече дека, поради поголемиот број кандидати, најверојатно ќе има втор изборен круг, во кој се очекува да се соочат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

ИЗДВОЕНИ