Сè уште не е донесена одлука дали рускиот претседател Владимир Путин лично ќе присуствува на самитот на Г20 во Мајами во декември, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Одговарајќи на новинарско прашање дали Путин ќе присуствува на самитот, Песков рече дека за тоа сè уште не е одлучено, пренесува „Спутник“.
Во септември, државниот секретар Марко Рубио изјави дека американската администрација го поканила Путин да учествува на самитот на Г20 во Мајами, на 14 и 15 декември.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би му било „мило“ да го види Путин на самитот, пренесува „Танјуг“.












