среда, јули 15, 2026
Дома БАЛКАН Единствено Србија не ја потпиша Киевската декларација на самитот во Украина

Единствено Србија не ја потпиша Киевската декларација на самитот во Украина

16

Србија беше единствената земја што не ја потпиша Киевската декларација, усвоена на Самитот Украина – Југоисточна Европа, одржан во Киев, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

Документот го потпишаа украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Србија, која на самитот беше претставена од претседателот Александар Вучиќ, не се приклучи кон декларацијата.

Во декларацијата Русија се обвинува за „незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија“ врз Украина и се повикува веднаш да ги прекине воените дејствија и целосно да ги повлече своите сили од украинската територија.

Одговарајќи на прашање какви реакции очекува поради посетата на Киев, Вучиќ изјави дека е подготвен да ги сослуша сите критики.

„Секогаш ги слушам сите забелешки што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“, изјави српскиот претседател.

Тој посочи дека со Зеленски разговарал и за развој на транспортни коридори кон Ерменија, Азербејџан и Турција, оценувајќи дека тие проекти би биле од големо значење за подобра регионална поврзаност и идни инвестиции.

ИЗДВОЕНИ