среда, јули 8, 2026
Дома СКОПСКА Советниците ги усвоија енергетскиот план за 2027 година

Советниците ги усвоија енергетскиот план за 2027 година

10

Советот на Општина Карпош на денешната седница го усвои Општинскиот енергетски план за 2027 година, врз основа на согласноста од 27.05.2026 година, издадена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во постапка пропишана со закон.

Од Општина Карпош информираа дека основната цел на овој план е да се воспостави систематски одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, во согласност со законските обврски, националните политики и реалните потреби на Општината.

-Планот содржи решенија за подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, особено во општинските административни објекти, основните училишта и детски градинки во надлежност на Општината и уличното осветлување. Со примена на овој стратешки документ треба да се намали вкупната годишна потрошувачка на енергија, која е поврзана со буџетските трошоци на Општината, на начин што ќе се поттикне користењето на обновливи извори на енергија (сончева, биомаса, термални пумпи и други локално достапни извори). Ваквиот пристап ќе придонесе кон намалување на емисиите на стакленички гасови, со што се подобрува квалитетот на животната средина, а воедно ќе се создаде и основа за планирање, аплицирање и реализација на проекти финансирани од национални и меѓународни фондови – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ