четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сопругот на Ивана во 48 часовен притвор заради собирање докази

Сопругот на Ивана во 48 часовен притвор заради собирање докази

630

Вечерва ОЈО Скопје побара 48 часовен притвор , а Кривичниот суд го прифати барањето , за сопругот на Ивана која се фрли од висококатница со детето враце по што двете починаа на лице место.

“Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик. Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата. По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор, соопштија од ОЈО.
Објаснуваат дека краткотрајниот притвор е поради собирање на докази, од станот, од безбедносни камери и од вештачење на телефонот. Жртвите кои претходно биле изложени на семејно насилство и за тоа во МВР имало десетина пријави се на обдукција.

ИЗДВОЕНИ