четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Финската разузнавачка служба бара агенти со познавање на рускиот јазик: Реагираше Марија...

Финската разузнавачка служба бара агенти со познавање на рускиот јазик: Реагираше Марија Захарова – Можеби треба да аплицирам, што мислите?!

239
epa12531901 Spokeswoman of Russian Foreign Ministry Maria Zakharova attends a meeting of Russian Foreign Minister Sergei Lavrov and Indian Foreign Minister Subrahmanyam Jaishankar in Moscow, Russia, 17 November 2025. EPA/RAMIL SITDIKOV/REUTERS / POOL / POOL

Финската разузнавачка служба подготвува операции во земјата и во странство, а за тоа им се потребни агенти кои знаат руски или кинески јазик, објавуваат локалните медиуми. На ова реагираше и Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„Финската безбедносна служба (Супо) започна кампања за вработување постојани агенти. Првенствено сме заинтересирани за кандидати кои зборуваат руски или кинески“, се наведува во огласот на веб-страницата на агенцијата.

Се бараат и кандидати кои знаат француски и шпански јазик.

Покрај другите барања, од кандидатите се очекува да имаат добри социјални вештини, да можат да работат под притисок и да бидат тимски играчи.

Според Yle, агентите треба да бидат вклучени во собирањето информации што потоа ќе се користат за донесување одлуки на државно ниво.

Реагираше и Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„Можеби треба да аплицирам, што мислите? Јас знам кинески, го сакам рускиот, мојот нелегален статус е загарантиран со санкциите на ЕУ“, напиша таа на Телеграм, пренесува Спутник.

Како што иронично додаде, благодарение на вредните информации што ќе им ги даде, ќе им се отворат очите.

„Дека жената е жена, мажот е маж, дека децата не се раѓаат бесполови, дека земјите од антихитлеровата коалиција ја добија Втората светска војна со одлучувачката улога на СССР итн.“, изјави таа.

ИЗДВОЕНИ