Од владата исто така го бранеа ставот дека Шпанија е „клучна членка на НАТО, која ги исполнува своите обрски и „значително придонесува“ за одбраната на европските територии. „Исто така, ние сме извозна сила на ЕУ, и доверлив трговски партнер за 195 земји од светот, вклучувајќи ги САД, со кои одржуваме историски и обострано корисен трговски однос“, порачаа.
Покрај тоа, од Мадрид назначија дек Шпанија располага со потребните ресурси за ублажување на можните удари, помош за секторите кои би можеле да бидат погодени и за диверсификацијата на синџирите за снабдување. Во секој случај, волја на владата „е и секогаш ќе биде заложба за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите“, а сето тоа со „меѓусебна почит“ и „почитување на меѓународното право“.












