Солунскиот државен симфониски оркестар, првпат од своето 66- годишно постоење, ќе настапи во Скопје, поточно во салата на Филхармонијата, на 17 мај (19:30 ч.). Во рамките на програмата ќе бидат изведени делата од Морис Равел и од неговиот грчки студент, Емилиос Риадис, со специјални гости од двете земји: водечката грчка сопранистка, Мирто Папатанасиу, и нашиот светски реномиран пијанист, Симон Трпчевски.

Со оркестарот ќе диригира реномираниот грчки диригент, Владимирос Симеонидис, а делата се по повод 150-годишнината од раѓањето на Морис Равел и 90-годишнината од смртта на најголемиот солунски композитор, Емилиос Ријадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта „Галатеија“.

ИЗДВОЕНИ