Кошаркарските клубови Соколи и Работнички продолжуваат со амбициозното градење на своите тимови за новата сезона.

Соколи, кој ќе конкурира за „вајлд карта“ од КФМ за настап во Суперлигата, во еден ден потврди две засилувања: Јован Александровски и многу позвучното име, поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски. Искусниот плејмејкер носи големо искуство, лидерство и победнички менталитет, а има настапувано и во Франција и во Романија.

Во меѓувреме, Работнички се засили со крилниот центар Тарик Брунчевиќ, кој може да ги покрива позициите четири и пет. Високиот центар (206 сантиметри) има зад себе искуство од Србија, Романија, Словенија, Русија и од Франција, а минатата сезона, во Шентјур, просечно постигнуваше по 15 поени и шест скока. Со овие потези, двата клуба најавуваат сериозни амбиции пред почетокот на новата сезона.

ИЗДВОЕНИ